„…значи, факманов НЕЗАВИСЕН судија вика: Неее вие 4 силеџии ќе седите дома и после и со прстето им се заканил – немојте да чујам дека правите притисок и дека комуницирате меѓу себе, оти ќе ве карам!“ – ја коментира Жанета Трајкоска, директор на Институтот за комуникациски судии, одлуката на судијата во Кривичен суд да не им одреди мерка притвор на четворицата (други 4-ца се во бегство) напаѓачи во Контролната кулла при упадот во Мајкедонски комуникации (М-НАВ).
ПА НЕМА ПОСМЕШНО.
ТОЛКУ Е ЕВТИНА ПРЕТСТАВАВА – ПА ВО БОЛИВУД ЌЕ ВИ ЈА ИЗРЕЖИРАЛЕ ПОАРНО! – пишува Трајкоска на Фејсбук
„Сцена1: Ја каО не давам, ти као независен орган, ние ако нешто работиме, а судот као НеЗАВИСНА власт, ВЛАДА нешто као одмара, СДСМ нешто као да није одавде!
Сцена 2: сите као ќе се КОШКАМЕ малце со јавноста, ќе ги праиме будали и ќе помине.
Оскарот оди за стратезите такозвани и ПР-от на ДУИ – јееее!!
Македонија за жал, не е само ДУИзирана, туку е комплетно заробена држава под криминален, длабоко клиентилистички и мафијашки режим – па нема полошо. Ова е веќе ново ниво на deep state или длабока држава која ќе треба ние да ја редефинираме, оти кај нас неизбраните криминални групи кои се дел од партиите, учествуваат во власта и се најјаки, а центарот на моќта е некаде во некоја приградска населба или село, но никако не е Илинденска или сачувај боже, во Собранието на РМ, а пак ноќеска уште еднаш ни се потврди дека судството е тетрис – како ќе му кажеш така ќе се намести коцката.
ЕДИТ: Јас пак мислев до куќен стигнале– а тие не требале да ги напуштаат местата на живеење- значи може да си шетка низ Чаир Незири да си купие ствари по продавничи, да иде на чај итн… па Кривичен Суд може слободно да се затвори’, пишува Трајкоска.





