Еден од осумте членови на ДУИ кои упаднаа во просториите на контрола на летање, нападнаа контролор и ја загрозија безбедноста на македонското небо е Ерсен Сали.
Тој претходно бил осуден на затворска казна од 1 година поради предизвикување на тешко дело против општата сигурност. – дознава Радио Лидер од судски извори.
Дека тој е еден од напаѓачите уште на четврти месецов објави Телма, но како што јавија медиумите тој е еден од четворицата кои во моментов се наоѓаат во бегство за случајот.
Радио Лидер, со документи од негова претходна судската постапка открива дека ова лице веќе требало да биде во затвор но преку правен преседан на сега унапредениот обвинител Наум Пановски е ослободено.
Пукал со огнено оружје во дуќан
Ерсен Сали е инаку долгогодишен фудбалер и функционер во ФФМ, каде што е вработена и неговата сопруга.
Според информациите кои ги доби Радио Лидер, тој бил осуден затоа што со огнено оружје пукал во дуќан, а бил во придружба на други лица.
Нашите извори од судството велат дека уште овој негов случај од 2022 бил со низа скандали, затоа што полицијата не го опфатила во делото неговиот брат кој бил заедно со него и заедно побегнале кога пукале.
Дополнително скандалозно е што и тогаш тој не звршил во притвор по пукањето и не му била изречена никаква мерка за безбедност додека се водел случајот.
-Замислете, немал притвор а од него било запленето автоматско оружје. Ова е невидено. – вели извор на Лидер од судството.
За делото Ерсен Сали бил осуден на една година затвор уште во 2022, но потоа се жалел па казната била преиначена во условна казна. Документите кои ќе ги објавиме покажуваат дека условната пресуда ја добил на скандалозен начин.
Како Наум Пановски го ослободил Ерсен Сали?
По првостепената пресуда, Ерсен Сали се жалел на апелација и признавајќи го делото барал затворската казна да му се преиначи во условна.
Обвинителството писмено го одбило барањето и се изјаснило дека затоа што се работи за пукање, не прифаќа условна казна, но потоа се случил правниот преседан кога на јавната седница на судот обвинителот Наум Пановски, го променил писмениот став на обвинителството и прифатил условна казна.
Сите детали на Радио Лидер





