Жена на 90-годишна возраст, заробена под урнатините пет дена по силниот земјотрес што ја погоди централна Јапонија, вчера била спасена.



Најмалку 126 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,5 степени по Рихтер на Нова година и во последователните потреси, а 222 лица се уште се водат како исчезнати. Во земјотресот се урнаа згради, имаше голем пожар, а имаше и цунами бранови повисоки од еден метар.

Надежта за пронаоѓање на преживеани обично исчезнува три дена по разорниот земјотрес.
Меѓутоа, старицата поминала пет дена под урнатините на урнатата куќа во градот Сузу пред да биде спасена синоќа.

Таа била пренесена во болница и јасно одговарала на прашања, јавува јавната телевизија НХК.