Скромно како никогаш до сега. На Бадниковата трпеза и годинава ќе се стави од се по малку, ама за разлика од лани, годинава поскромна од вообичаено, односно најскапа до сега. За Божиќ наместо месо, добар дел од граѓаните велат дека ќе стават по некое ребро и ќофте, ама богата софра како минатите години тешко дека ќе си дозволат, оти како што велат, скапотијата си го направила своето. Како што објави Алфа, и на пазарите и во маркетите раздвижено, ама граѓаните излегуваат со полу празни торби. Подготовките за празничната трпеза почнаа и се купува кој колку што може, оти примањата не се доволни за достоинствено да се поминат празниците.

Граѓаните реагираат дека цените на сите производи се покачени, па затоа ќе мора да се купи само неопходното. Велат, само здравје и се ќе си дојде на свое место. Равтовите полни, џебовите попразни, овие празници ќе бидат многу поинакви од претходните. Пазарџиите не паметат ваква лоша година.

Лепче со паричка, печена тиква, суви пиперки, гравче, посна сарма, риба, пита со праз – кај некого побогато кај некого поскромно. Вака изгледа бадниковата трпеза кај православните христијани. Костените се провдаат по 130 денари, оревите 250, гравот 400, смоквите 350, бананите 70 денари.
За големиот празник пред Божиќ, не смее да изостави бадниковото гранче – симбол на светлина и топлина во домот, симбол на здравјето и вечната среќа.





