На чекор до отворање на граничниот премин „Маркова нога“ во Преспа

Владите на Македонија и Грција работат на повторно отворање на граничниот премин „Маркова Нога – Герман“ во Преспа, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.



Тој рече дека отворањето на овој премин е еден од чекорите што ќе го направи грчката страна во насока на подобрување на климата во односите меѓу земјите за што разговарале премиерите на средбата во Давос.

Меѓуминистерска средба, предводена од шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас беше одржана на јануари во рамките на подготовките за отворање на овој премин.

Граничниот премин „Маркова Нога – Герман“ бил отворен до 1960-тите години, кога Грција одлучила да го затвори. Долго време се правеле обиди од страна на македонските власти за негово повторно одбивање, но се наидувало на грчко одбивање.

Уште во 2006 година, македонската влада била целосно подготвена, и технички и политички, овој граничен премин да биде отворен.

Министерот рече дека на неговата прва средба со грчкиот колега Никос Коѕијас на 14 јуни во Атина го отворил и ова прашање.

„Истовремено и од наша страна и од грчка страна се отворени разговори со ЕК во смисла на финансирање и на овој проект и пошироко на прекуграничната соработка во регионот. Таму имаме и национален парк што ги поврзува и трите држави, Македонија, Грција и Албанија. Очекувам резултати во наредните неколку месеци“, изјави Димитров вчера.