Министерот за надворешни работи на режимот во Македонија Бујар Османи по трет пат измисли изговор за да избегне судско рочиште против него – велат од Македонското меѓународно движење за човекови права.

На 26 декември 2023 година Османи требаше да одговара согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Претходните две рочишта требаше да се одржат на 15 мај 2023 година и на 15 септември 2023 година. Во сите три случаи Османи тврдеше дека има „неодложни обврски“, иако многу порано му беше кажан денот на судењето. На нив требаше да се дадат завршните обраќања во процесот што го покрена Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права и неговиот претседател Бил Николов.
Османи ги наклевети ММДЧП и Николов поради нивниот активизам за одбрана на правата на Македонците – во конкретниот случај: правата на жестоко дискриминираното македонско малцинство во Бугарија. Ваквите клевети се тактика која често пати ја употребуваат режимот и неговите поддржувачи во американската Влада – велат од ММДЧП.
Трајче Торов, адвокат на ММДЧП и Николов, изјави дека „Османи повторно одби да се појави пред судот и со тоа покажа целосно непочитување на судот и немање чувство за одговорност. Крајно необично е што Османи двапати може да го одложи рочиштето. Ова е безмалку нечуено во македонското судство, и е јасен показател за неговата ароганција и вина.“





