Мицковски: ДУИ си пукна бомба сам на себе, на СДСМ и на Западот!

Историската грешка на ДУИ со “кошкањето”(упадот и тепањето контролори во просториите на М-НАВ) има двојна вредност, ако не и тројна, односно штета по нив, оценува новинарот Ивор Мицковски во објав а на Фејсбук.



„Ни ги потврдија јавно и најмрачните сомнежи за криминалната инфилтрација во институциите и второ, го оштетија македонскиот партнер, потврдувајќи до кој степен оваа власт е криминална и тендерска коалиција.

Каков легитимитет има и СДСМ кога за коалициски дилови трпел, прифатил и одобрил вакви криминалци на клучни позиции.

ДУИ вака не се издаде ни за време на режимот, беше поштедена од бомбите, за со помош на странски фактор, да се препере и да изиграва европски и реформски фактор.
Овде влага и третиот аспект, односно, колку е посрамотен западниот фактор, и кого всушност поддржува и оддржува на власт“, вели Мицковски.

ДУИ си пукна бомба сам на себе, на СДСМ, и на Западот.

Сега надежите за демократизација и промени повторно имаат некакво значење, пошто идиотиве ептен јавно се издадоа, не дека не знаевме, ама друго е кога вака јасно видовме што прават и за што се спремни.

Ќе менаџираат криза, ќе мачкаат очи, се тоа си држи, ама си пукаа во глава и тоа го знаат, никој повеќе, освен нивните платеници, повеќе нема да ги сфаќа сериозно.

Секој и потајно и јавно, ќе сака да паднат“, предвидува Мицковски.