„Вие сте актерка, да си замислите да направите некоја претстава е студија, а кога ќе го направите сценариото за таа претстава, тоа е проект“. Шекспир бил инспириран од љубовта, тоа е студија. Ја напишал ‘Ромео и Јулија’, тоа е сценарио“, Се надевам дека некогаш ќе ја играте Јулија, па тоа ќе биде извршен проект“.



Градоначалникот, Петре Шилегов, на овој начин ѝ објаснил на актерката и советничка Јелена Жугиќ зошто бил потребен проект за ревитализација на Езерото Треска на вчерашната седница на Советот на Град Скопје, пренесе „Плусинфо“.

Советничката од на ВМРО-ДПМНЕ претходно праша зошто од буџетот на Градот се издвојуваат 7 милиони денари за изработка на проект за 3 години, (кога кога Езерото Треска не е во надлежност на Скопје), а веќе има готова студија во Општина Сарај, на што Шилегов замолил да се прави разлика помеѓу студија и проект.

Тој објасни дека студијата е визија како нешто треба да изгледа, а проектот е она што е замислено да се подготви за да може да се реализира.

Градоначалникот рече дека „Езерото повторно ќе биде еден од бисерите на Скопје“.