Шенки Маслани, со прекар Версаче, е најбогатиот Албанец на Балканот кој живее во неопислив луксуз, а на социјалните мрежи редовно објавува детали од своето секојдневие.
Таму каде што има луксуз, таму е и овој милионер, кој не дозволува ништо да го ограничи. Tатко e на три деца на кои им дозволува безрезервно да ги уживаат сите привилегии на неговото богатство, пишува Б92.
Луксузни автомобили, величествени вили, прескапи ткаенини, кафуле – сето тоа е негова сопственост.
Сепак, тој е познат по огромната љубов кон светски познатиот бренд „Версаче“- од мебел, до постелнина, гардероба, преку подот и сè до ѕидовите, се е во мотивите на познатите модниот бренд.
На прашањето од каде му се толку пари, одговорот е „Заработувам од продажба на автомобили, имам голем маркет за автомобили. Ова го правам со години’.
Отворил и кафуле во родниот град, а целиот ентериер е исто така во брендот Версаче. Мебелот доаѓа од различни делови на светот, а сè во него е исклучително скапо.
Тој дополнително шокира со фотографии на кои позира како Сулејман Величествениот, а околу вратот носи златни синџири, од кои некои, судејќи по сликите, тежат околу еден килограм, ако не и повеќе, пишува Б92 според кој Шенки пред неколку години купил и луксузна вила во Белград за 4 милиони евра.
Поради сето горенаведено, тој важи за еден од најбогатите Албанци на Балканот.
Sultan od Skoplja, Šneki Versaće je najbogatiji albanac. pic.twitter.com/f7SwG28UM1
— Arsil (@arsagarson) January 5, 2024
Најчитани вести
Од Македонец Татар и Гагауз не бидува – На Бадник Леон ,,го изгоре” Љубчо Георгиевски






