Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи (УЈП) Исмет Гури, кој е во домашен притвор, не е достапен од органите на прогонот, јавува порталот Ревиста.мк.
Судот претходно го ослободи Гури од издржување на казната ефективен притвор поради редовна терапија и болестите кои ги има.
Порталот до објавување на информација се уште нема официјални информации за овој настан, дали е пронајден поранешниот заменик директор на УЈП Исмет Гури или се уште трае потрагата за неговото фаќање и неговото враќање зад решетки.
Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи (УЈП) Исмет Гури е гонет за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари и кражба на 840 илјади евра од дирекцијата каде што работел.
Предходно Гуру беше гонет за предизборен криминал за случајот Титаник 3.
Извор






