Ако во Македонија има правна држава десетина членови или блиски ДУИ ќе лежат до 10 години в затвор.
Ова го предвидува Кривичниот законик за осум лица кои вчера влегоа во зградата на МНАВ и уште неколку членови на формата за обезбедување кои им помогнале.
Сите тие според членот 303 од Кривичниот законик направиле кривично дело за кое казната е од една до десет години затвор.

Членот 303 се однесува на сите кои што ја довеле во прашање безбедноста на летовите контролирани од Контрола на авиосообраќајот на Скопскиот аеродром.
Во моментот кога насилниците од ДУИ влегле во контролната соба на аеродромот на небото над Македонија имало 30 до 40 летови а два авиони од Турција слетувале во Скопје.
Обвинителството се уште не објави како ќе ги гони луѓето на Али Ахмети.
Поврзани вести
Штетата пред светот ја трпи Македонија
Упадот во МНАВ има елементи на тероризам, оценува искусен дипломат





