Зошто се чудите за нелегалниот влез на насилниците од ДУИ во МНАВ, откриена е причината

Компанијата која ја обезбедува МНАВ има договори со повеќе државни институции каде раководи ДУИ и затоа обезбедувањето на ги спречило Беким Незири и останатите напаѓачи да влезат во МНАВ и да тепаат вработени.



Ако обезбедувањето реагирало фирмата за обезбедување нема да добие следен тендер во МНАВ, смета Димче Арсовски , портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

,Не знам што се чудите како влегле талибанциве во ‘Контрола на летање’, кога 2 години по ред тендерот за обезбедување имоти и лица на М-НАВ го зема кичевската фирма “2СС”, вели Арсовски според кого ако се види поубаво најголемите тендери ги добива кај што се директорите и кадрите на ДУИ и кого и да прашате важи за блиска фирма до ДУИ.

Дел од објектите кои ги обезбедува оваа форма се АЕК, о. Струга, Лотарија, ТИРЗ Кичево и Струга, и други.

,,Како да ги спречат да влезат? После да не го земат пак тендерот? Мислам, јасно е”, пишува Арсовски во своето објаснување.