Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници изразува целосна солидарна поддршка на Струковиот синдикат на контролори на летање, како и на другите синдикати во М-НАВ.
ССНМ ги поддржува сите барања на колегите синдикалци за оставки на раководството на оваа значајна институција, расчистување на случајот со упаѓање во контролата на летање и одговорност за сите вклучени.
,,Сметаме дека професионалноста, знаењето и вештините мораат да бидат единствени критериуми за вработување, особено кога станува збор за чувствителни институции како што е контролата на летање од кое што директно зависат животите и безбедноста на луѓето и на воздушниот простор на државата”, стои во реакцијата на синдикатот на новинарите и медиумски работници.
Предходно шефот на синдикатот на МНАВ беше повикан во полиција а во институцијата влегоа насилници на ДУИ кои тепаа вработени.






