62-годишниот професор кој предавал во стручно училиште во Берлин вчера е казнет со 3.000 евра поради поттикнување омраза споредувајќи ја вакцината против коронавирус со холокаустот.
Во 2021 година, обвинетиот објави видео на онлајн платформа на која се прикажани портите на нацистички концентрационен логор, а наместо озлогласениот слоган „Arbeit macht frei“ (работата ослободува) што беше истакнато на влезот во таквите логори, тој вметна „Impfen macht frei“ (вакцинацијата ослободува).
Според обвинението, во друго видео, тој ги споредил и мерките на германската влада за борба против коронавирусот со холокаустот.
Поистоветувањето на историската неправда со мерките против коронавирусот „е банализирање, секое друго толкување е изнасилено“, рече судијата, повикувајќи се на претходна одлука на Уставниот суд во Берлин во сличен случај.
Професорот бил отпуштен во август 2021 година, му била доделена отпремнина од 72.000 евра, но судот за работни односи одлучи дека не е разумно да се очекува Берлин да му дозволи да се врати на своето работно место.





