Во струшко се случило семејно насилство на кое јавноста не е навикната

????????????????????????????????????

Во сло во струшко вчера се случило семејно насилство на кое јавноста не е навикната, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.



За разлика најголемиот број на инциденти каде жртви или нападнати се жени овде како нападнат фигурира маж на возраст од 36 години.

,,На 04.01.2024 во 21.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека А.А.(36) од струшко село во домот во селото бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга, која употребила метален и остар предмет. По целосно расчистување и документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава”, пишува во информацијата за медиумите испратена од портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Каква мака имала жената што го нападнала својот поранешен маж нема информации во соопштението.