Закон со кој си додели доживотен имунитет од кривично гонење и спречување на опозициските лидери кои живеат во странство да се кандидираат на следните претседателски избори, потпиша актуелниот претседател на Белорусија Александар Лукашенко, објави Гардијан.
Законот теоретски може да важи за секој поранешен претседател и членови на неговото семејство.
Според таквиот закон, Лукашенко „не може да одговара за дејствијата извршени во врска со извршувањето на неговите претседателски овластувања“ дури и кога ќе ја напушти власта.
Законот, исто така, наложува на претседателот и на членовите на неговото семејство да им се обезбеди доживотна државна заштита, медицинска нега, животно и здравствено осигурување, а по оставката, претседателот ќе стане и доживотен член на Горниот дом на белорускиот парламент.





