„Не можеш ни сопствените фирми да ги заштитиш. Се распаѓаш од власт мафија“, реагира директорката на Институтот за комуникации Жанета Трајкоска во врска со вчерашниот упад и физички напад врз вработени во М-НАВ.
„До утрово требаше сите 8 насилници на ДУИ да се приведени, да има поднесок за терористичко делување, обезбедувањето на објектите да е отстрането и во полициска станица, а директорите да се разрешени и против нив да има веќе поднесок до ОЈО, вели Трајкоска во објава на Фејсбук и додава:
„Ама неее, вие со ДУИ ќе одите заедно во Европа. Едните криминалци, другите кукавици, заедно уништувачи на секоја нормална општествена келија што остана во државава“.
Во реакција веднаш по упадот на 8 лица во Контролата на летање предводен од висок функционер на ДУИ, Трајковска напиша:




