28 руски спортисти меѓу нив и актуелните олимписки прваци како брзата лизгачка Факлулина, и боб двоецот Труненков-Негодајло добија помилување од Судот за спортска арбитража во Лозана по што ќе настапат на 23. зимски Олимписки игри во Пјонгчанг. Овие спортисти како и пет хокеари, осум нордијци, и други лизгачи и боб натпреварувачи се дел од групата на која и е одговорено позитивно на жалбата. Инаку 42 руски спортисти се жалеа на претходната одлука на судот во Лозана и на ИОК, а 14 се уште останаа под претходно изречената суспензија поради користење допинг.




