Од кого МВР ја обезбедува зградата на Контрола на летање: Од ДУИ или од бандити водени од пејач?

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменикот министер за внатрешни работи Назим Буши добија незгодно прашање од пратеникот Драган Ковачки кој сака да знае дали МВР ја обезбедува зградата на Контрола на летање од ДУИ или од бандити предводени од пејач?



Вчера лидерот на ДУИ Али Ахмети објави видео како пее и пуши во зградата на Министерството за политички систем со истиот ден членови на ДУИ влегле во Контрола на летање и тепале вработени.

,,Од кого ќе ја обезбедувате зградата министре Спасовски?
Од вашите газди од ДУИ ли?
А ДУИ што се?
Политичка партија се, или збирштина на бандити и насилници предводени од ист таков на моменти распеан лик”, прашува Ковачки кој истовремено прашува и кој е ставот на заменик министер за внатрешни работи Буши од ДУИ.

За Ковачки вчерашните инциденти во контрола на летање предизвикани од ДУИ е знак дека Македонија во моментов со СДСМ и ДУИ е мафијашка држава.