Ексминистерот за економија Беким Незири, сега вработен во М-НАВ, кој вчера заедно со 8 членови на ДУИ од Чаир упаднале и нападнале вработени во радарската соба и во 2010 година натепал контролор на летање, пишува порталот СакамДаКажам.
Како член на тогашниот Управен одбор на М-НАВ и еден од тројцата директори, нападнал контролор на летање кој како инструктор не сакал да му потпише дека поминал обука за контролор.
Незири го удрил и го турнал по скали инструкторот, а потоа, до Управниот одбор поднел предлог инструкторот да биде разрешен. Снимките за нападот врз инструкторот биле избришани.
Контролорот бил избркан од работа, формално врз основа на тоа дека пет дена неоправдано отсуствувал од работа, а всушност Незири електронски му го избришал боледувањето додека овој се опоравувал од тепањето.
Контролорот потоа тужел на суд и го добил процесот, а откако и неговата сопруга била избркана од работа во Клиничкиот центар, тие се преселиле во една скандинавска земја каде што тој и сега работи во Контрола на летање, пишува СДК.





