Се трага по уште четворица за вчерашниот упад и тепачка во М-НАВ

Во полициска станица синоќа биле приведени четири лица инволвирани во нападот врз вработени во Македонска навигација (М-НАВ).



Со нив биле извршени службени разговори, по што во координација со Основното јавно обвинителство ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Полицијата го бара Беким Незири, ексминистер на ДУИ, за нападот во М-НАВ, за ЈО и тероризам е во игра

Од МВР дополнија дека се преземаат мерки за пронаоѓање на уште четири лица и дека во наредниот период МВР континуирано ќе ја обезбедува зградата на Макаедонска навигација.

За нападот првично објави претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски, кој на својот фејсбук профил соопшти дека во објектот на контрола на летање дошле неколку возила од кое излегле неколку лица кои влегле во објектот на контрола на летање и предизвикале караница и нападнале вработени во контролата на летање.