Вработувањето на државно пуштено на најјако. Владата распиша оглас за нови 60 вработувања на државни службеници. Платите се движат од околу 40 илјади денари па надолу, во зависност од квалификациите и местото на кое би дошле нововработените. Преку службата за општи и заеднички работи се отворени повеќе работни позиции на кој во најголем дел се бараат луѓе кои се од албанската етничка заедница, а помалку од останатите. Па, така на пример се бара „помошник раководител на сектор за поддршка на директорот кој би бил Албанец, се бараат деветмина за вработување во Сектор за нормативно – правни и архивски работи и тоа „Албанец(ка) 7, Турчин(ка) 1, Ром(ка)“ пишува во огласот.

Отворени се и 4 работни позиции за „референти за достава“ и за сите се бара да се Албанци, се бараат седуммина „советници за финансиско – материјално работење“ од кои предвидени се работни места за „Албанец(ка) 5, Турчин(ка) 1, Влав(инка) 1“, и уште многу други. Во СОЗР се бара и советник за односи со јавност кој исто така би требало да е Македонец, Советник за судски постапки кој е Турчин, или „соработник за стручно-административно работење“ за кој се бара да е Албанец. Овие истакнувања во графата за етничка припадност како што е впишано во огласот се согласно годишниот план на институцијата за 2023 год.





