Околу 20.000 работници за Нова година останале без плата, велат од УЈП

На добар дел од газдите во Македонија никако да им дојде умот. Пак си поигруваат со живците на своите работници, посебно околу новогодишните празници. Само во ноември, плата не примиле 20.601 вработен кај 9.975 работодавачи, соопшти директорката на УЈП Сања Лукаревска. Овие работници, пред се во микро компании, за жал, за Нова година останале без пари.




Заклучно со 29 декември 2023 годиа, пресметки за ноември поднеле и платиле 60.143 работодавачи за 535.634 вработени. Прифатени и неплатени пресметки има од 4.441 работодавачи за 10.921 вработен, а неподнесени пресметки има од 5.534 работодавачи за 9.680 вработен – рече Лукаревска.

Според состојба за последни уплати на 29 декември 2023 година обработени на втори јануари 2024 година поднесени, прифатени и платени конечни пресметки има за 60.400 работодавачи што се однесуваат на 535 636 вработени лица, додека прифатени и неплатени пресметки има за 4.441 работодавач, односно 10 921 вработено лице, а неподнесени и неприфатени пресметки има за 5.534 работодавачи коишто се однесуваат на 9 680 вработени лица, истакна Лукаревска.