Српски политичар најавува нови снимки за грозоморните убиства на Вања и Панче

„Ексклузивно ги објавувам снимките од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07:29 часот и 30 минути, како и сите други снимки од киднаперот снимени од камерите. И ексклузивно објавувам видео од „киднапирањето“ на Панчо Жежовски, фризер од Велес. Ќе дознаете како течела истрагата и кој всушност ги разрешил двата случаи, со нив го поврзал Љупчо Палевски Палчо и обезбедил докази за апсењето на штипјанецот Влатко Кешишов, штипјанецот Велибор Манев и Боре Видевски од Велес. Очекувајте ексклузива во петок 05.01. во 16 часот. Следете ме“, напиша Срѓан Ного првата фотографија што ја објави на „Твитер“.



Во следна објава ја споделува и фотографијата од возилото на бензиска пумпа.

„Палчо или Панчо? Ексклузивно: снимка од Панчо Жежовски на бензинска со неговиот ‘киднапер’“, напиша тој.

Поврзани вести
Контроверзниот српски политичар нема да ја компромитира истрагата, вели обвинителството