Нааилниците од ДУИ го загрозиле европскиот систем за безбедност на воздушниот простор.
Ова го тврдат хрватски експерти за навигација кои наведуваат дека упад на кое било неовластено лице на место каде што се врши контрола на летање може да предизвика катастрофа.
Контролорите на летање не смеат да бидат ставени под никакво притисок затоа што од нивната состојба зависат илјадници животи на патници од авионите кои прелетуваат над територијата што ја контролираат.
,,Преку Македонија минуваат десетици летови дневно и ме смее да се случи контролорите на летање да бидат под стрес затоа што тоа може да предизвика смрт на многу луѓе”, вели еден извор кој има искуство со тренинг на балканските воздушни навигатори.
Тој смета дека европските воздушни власти можат да ја казнат Македонија за тоа што се случува во МНАВ.
Луѓето што неовластено влегле во македонската контрола за летање се закана за целото небо над Европа и тие мораат да бидат санкционирани, тврдат хрватски извори кои немаат детали за инцидентот во Скопје но тврдат дека тие во Хрватска во било гонети за тероризам или друго тешко дело против јавната безбедност.
Контролорите на летање со кои разговарале од СДК се фрапирани како насилниците воопшто влегле во М-НАВ и кој ги пуштил затоа што влегувањето во М-НАВ подлежи на строги контроли.
,,Има две контроли – едната е пријавница на влез во дворот на М-НАВ каде што е сместена и контролната кула на Скопскиот аеродром, а втората е на влезот во самата зграда каде што пристап имаат само вработените со електронски картички.
Кога ќе влезеш во кругот на М-НАВ практично имаш пристап до самата писта и до платформата каде што се паркираат авионите”, објави СДК денеска.






