Се очекуваат оставки на котролори на летање во М-НАВ

Во знак на поддршка на синдикалната борба, дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација ( М-НАВ) се очекува од денеска да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, најави на прес-конференција претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски.  Оставките доаѓаат по последниот оглас за вработувања во оваа институција.
Не ја исклучена ни,  можноста за штрајк, но тоа нема да биде во наредните неколку дена.
– Верувам дека овој пат според начинот како се одвиваат работите нема да биде штрајк на контролори на летање, туку на сите вработени во Македонска навигација. Ако се организира ќе биде за тотално затворање на сите сектори што ги има институцијата, рече Тасевски.
Според него, кривичната пријава против него од двајца директори во М-НАВ смета дека е вид на притисок. Тие поднеле кривична пријава против него, како што рече, врз база на доставена електронска порака поради „наводно чувствување загрозеност на нивната животна сигурност“ по член 144 став два од Кривичниот законик.
-Најодговорно тврдам дека содржината тој мејл нема никакви ставки кои асоцираат на закани и живтозагрозувачки информации. Сметам дека тенденциозно се интерпретира погрешно и намерно во таа насока, за да може да се искористат против мене како претседател на Синдикат, како вид на притисок, со намера да се откажеме од нашите активности, преку мене и до Синдикатот на контролорите на летање, а воедно со самото тоа и до сите професионалци кои во изминатиот период покажаа доблест, се дрзнаа да го кренат гласот и да покажат дека се спремни да застанат во одбрана и заштита на својата професија, за стопирање на клиентелизмот и на непотребните и нестручни вработувања, рече Тасевски.



Со последните чекори што се преземени од страна на инженерите и техничарите што си дадоа оставки од раководните позиции и од проектите во кои се вклучени во М-НАВ, наведе Тасевски, кај директорите се покажа одреден страв.
-Тој страв не е по нивните животи, како што наведуваат во пријавата против мене, туку за нивните директорски фотелји што дополнително ни покажува дека сме на вистинската патека на нашата активност и ни дава дополнителен мотив. Она што се случи вчера нема да не заплаши и да не оттргне од идејата на она што сакаме да го постигнеме, вели Тасевски.