Откако пропадна стариот, нов тендер за изградба на „Чебрен“ пред избори нема да има, рече Бесими

Нов тендер за изградба на ХЕЦ „Чебрен“ пред избори, нема да има, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. Во однос на дилемите дали да се гради со наши пари или преку доделување концесија на странски инвеститор, министерот рече дека за двете ситуации има аргументи и за и против. Бесими смета и големите инвеститури би чекале почиста ситуација за изградба на „историската“ хидроелектрана „Чебрен“.



Која е причината зошто грчката компанија „Архиродон“  не ја продолжи банкарската гаранција и зошто сето тоа падна во вода, од Владата немаа оправдување, само кажаа дека ќе се чека подобро време. Во однос, пак на дилемите кои беа присутни во јавноста дека ќе се изгуби енергетската самостојност, Бесими рече дека националниот интерес е јасно определен во Уставот и во законите и дека не треба да стравуваме од странски инвеститори.

  • – „Во нашите закони е јасно што е национален интерес. Битно е да се реализира тој проект“, рече Бесими додавајќи дека пред 20 години и денес енергетиката е различна од геостратегиски интерес, а за 20 години ќе биде уште поразлична имајќи ги предвид технолошките промени.

Пропаѓањето на тендерот без да се знае зошто се откажа грчкото електростопанство отвора еден куп дилеми и простор за шпекулации. Енергетските експерти по кој знае кој пат реагираат дека проектот е штетен, односно лошо е да се даваат македонските води на странски инвеститори. Тие затоа алармираа веќе три месеци нананзад откако беше одбрана компанијата. Хидроелектраната „Чебрен“ требаше да ја гради грчки „Архиродон“. Проектот требаше да тежи 1 милијарда едвра, а грчкото електростопанство ќе управуваше со „Чебрен“ и „Тиквеш“ дури 60 години.