Србија го враќа задолжителниот воен рок!?

 

Генералштабот на српските вооружени сили и Министерството за одбрана денеска официјално ќе покренат иницијатива за укинување на одлуката за прекин на воениот рок, изјави Милош Вучевиќ.



Поточно, ќе покрене иницијатива за повторно активирање на законот со кој се дефинира задолжителниот воен рок, пренесе Б92.

Вучевиќ рече дека таквиот воен рок треба да трае до 4 месеци, а може и пократок, но тоа ќе се види само кога ќе се процени времетраењето на обуката, но сигурно нема да биде година или половина.

Министерката за одбрана потсети дека задолжителниот воен рок во Србија никогаш не бил укинат, туку само суспендиран, што значи дека суспензијата треба само да се укине, а за тоа ќе се покрене широка јавна дебата.

„После 13 години треба да го пополниме резервниот тим. Војската на Србија ја напуштија 13 генерации, немаше задолжителен воен рок. Нашите безбедносни потреби се да имаме нови регрути кои секогаш се подготвени да ја заштитат земјата.
Ги разбираме безбедносните ризици. Ова не е само потреба карактеристична за Србија, многу европски земји го активираат задолжителниот воен рок“, објасни Вучевиќ за Телевизија Хепи.