Фактор: „Бехтел и Енка“ ги доби сите пари за сработеното лани

Според последните измени направени на владината седница на 28 декември, заокружена е предвидената финансиска програма во првата година од договорот за изградба на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д на американско-турскиот изведувач да му се исплатат 240 милиони евра.



Министерството за транспорт и врски во последните два работни дена од минатата година му исплати уште 43 милиони евра на Јавното претпријатие „Државни патишта“ за проектот изградба на четирите автопатски делници од договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“, дознава „Фактор“.

Претходно, на 15 декември, на ЈПДП му биле исплатени уште 4 милиони евра, што значи дека за половина месец за „Бехтел и Енка“ биле префрлени околу 47 милиони евра…