Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје од почетокот на годинава, информира директорката Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ.за МИА



Во последните 24 часа на Клиниката прегледале 22 лица со грип.

Нноќеска (4 јануари) биле примени двајца пациенти со ковид, од кои едниот во тешка состојба, но со друга основна болест. Во моментот на Инфективна се лекуваат четворица ковид пациенти.

Директорот на Институот за јавно здравје Шабан Мемети изјави дека вкупно 72 случаи на Ковид-19 се регистрирани во периодот од 25 до 31 декември. Најмногу од нив, 39 се во Скопје, 12 во Прилеп, а 10 во Охрид.

Во Детската клиника „Козле“ дневно има до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти. Од оваа клиника информираат дека во моментов има околу шеесетина хоспитализирани деца и дека најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта.