Власта предводена од СДСМ и ДУИ го урниса здравствениот систем, редејќи скандали. Наместо да инвестира во медицински кадар, во апарати и во инфртаструктура во здравството ги полнеше своите џебови, а заборави на граѓаните, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата потенцираат дека власта на СДСМ и ДУИ ја сведе довербата на граѓаните во овој ресор на минимум. Тоа го стори особено со скандалот Онкологија.
„Скандалот Онкологија за кој сите знаеја веќе две години, власта предводена од СДС и ДУИ го обелодени кон крајот на септември минатата година. На Клиниката за онкологија се работело без протоколи, без стручни колегиуми, оттука дел од пациентите не добивале воопшто терапија. И зошто? Само лица од власта да профитираат од маката на граѓаните. Сето тоа пациентите ги чинеше скапо, ги чинеше живот“, истакнуваат од партијата.






