За клевета на новинарки, Јанез Јанша осуден на условна казна затвор

Поранешниот словенечки премиер  Јанез ЈаншаЈанша е прогласен за виновен за клевета, по твитот за новинарките на ТВ Словенија, Еугенија Царл и Мојца Шетинц Пашек.



Врховниот суд по две години од изрекувањето на таа пресуда даде согласност на првобитната пресуда и му наложи плаќање на судската такса.

Тој е осуден и на три месеци затвор условно, а мора да плати судска такса од 480 евра и трошоците за обвинителите, дознаваат медиуми.

Должен е да го плати и надоместот за трошоците за правниот застапник на новинарките.