Власта на пет месеци пред избори тврди дека стручни кадри во областа на дигитален маркетинг, софтверски инжинеринг, финансиски менаџмент, ИТ и ИКТ ќе можат да пронајдат нови вработувања со инвестицијата на австралиската компанија “Емапта” во ТИРЗ.
Според најавите инвестицијата треба ќе креира деловен простор и вработување за 850 млади високо образовани кадри во наредните 10 години. Влезот на “Емапта” отвора ново поглавје во инвестициските планови, тврди директорот на ТИРЗ, Деспотовски, најавувајќи државна помош при вработување на 100 луѓе.
Кадарот кој е стручен во областа на дигиталниот маркетинг, софтверскиот инжинеринг, финансискиот менаџмент, ИТ и ИКТ наскоро би имал нова можност за вработување доколку се исполни ветувањето на Владата и нова инвестиција во ТИРЗ.
Станува збор за австралиската „Емапта“ која својата прва инвестиција во Европа ја позиционира во Македонија. Глобалниот гигант на 6.000 квадратни метри во ТИРЗ 1 ќе гради деловен простор, а во наредните 10 години менаџментот планира да вработи над 850 млади високо образовани кадри од земјава. „Емапта“ во земјава е присутна веќе една година и има 30 вработени.
Според премиерот Ковачевски за успешноста на мултинационалната аутсорсинг компанија зборува неговото портфолио од 730 компании клиенти и 7.600 вработени ширум светот.
Со влезот на „Емапта“ во земјава се отвора нова поглавје во инвестицискиот план, вели директорот на ТИРЗ, Деспотовски.
Тој најави државна помош за компанијата, под услов компанијата да вработи 100 луѓе.
Компанијата обезбедува висококвалификуван кадар од областа на дигиталниот маркетинг, софтверскиот инжинеринг, финансискиот менаџмент, ИТ и ИКТ кадар. До крајот на инвестицискиот период само за плати менаџментот најавува дека ќе вложи над 15 милиони евра годишно.






