Продолжува состојбата на неказнивост кога станува збор за високи функционери и корупција заснована на злоупотреби прикриени од политиката и високите ешалони на власта. Дали овој тренд на неказнивост ќе продолжи и во 2024 година, прашуваат од Транспаренси интернешнл-Македонија.
Оваа организација продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејства поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, наречена „Бистро-матно“.
Долгата низа на наслови за матни настани содржи случаи на висока корупција. Државната комисија за спречување на корупцијата на крајот од мандатот отвори нови случаи на висока корупција. Никој не ги повикува на одговорност судиите кои не треба да бидат тоа, пишува во извештајот на ТИ-Македонија.
Судијата Ељведин Ферати од Основен Суд Тетово си ги поправал оценките на Тетовскиот универзитет со пречкртување, утврди ДКСК. Судијата Ферати, дипломиран во шестата генерација слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители, се пријавил на тогашниот оглас со оценка 8,20, а во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет имал просек 7,88.
Синот на апелацискиот судија Енвер Беџети со амин на министер за правда полагал правосуден испит без доволно стаж, па се запишал и завршил на академијата за судии и обвинители. Јетмир Беџети беше спасен од од разрешување од Судскиот совет. Тој полагал правосуден испит без да има доволно работен стаж како правник. Јетмир Беџети со таквиот правосуден испит потпишан во Министерството за правда, без проблем се запишал во седмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители. Потоа дипломирал.
Прочитајте го целиот текст тука.





