Судскиот совет не дал никакви образложени причини поради кои ја разрешил од функција поранешната претседателка Весна Дамева стои, меѓу другото, во пресудата што ја објави Управниот суд.
Денеска Судскиот совет ќе расправа за враќањето на претседателката Весна Дамева по пресудата од Управниот суд на која нема право на жалба
Судот нашол дека одлуката за разрешување е незаконита поради повреда на правилата на постапката, односно од причина што оспорената Одлуката, како што наведуваат „содржи такви суштествени недостатоци што ја спречуваат оцената на законитоста на актот“.
Во образложението на оспорената Одлука, тужениот орган само навел дека со мнозинство на гласови на членовите со право на глас била изгласана недоверба на сега тужителот како претседател на Судски совет, по што и била донесена Одлуката за разрешување со мнозинство гласови од присутните членови со право на глас.
Во истото не се наведени ниту причините поради кои барањата, предлозите и тврдењата од сега тужителот не биле земени во предвид, ниту се наведени законски одредби, по кои била спроведена постапката која претходела на донесувањето на оспорената Одлука, со оглед на тоа дека истиот само се повикува на член 38 од Законот за Судскиот совет на Република С.М., со која законска одредба само се регулира работата на седници на Совет, велат од Управниот суд, објави Плусинфо
Поранешната претседателка на Судски совет беше разрешена изминатата пролет, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување.
По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд.





