На работниот состанок, најавен за денеска, Судскиот совет ќе ја разгледа пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на поранешната претседателка на Советот, Весна Дамева.



По пресудататреба да се постапи во рок од 30 дена, а Судскиот совет нема право на жалба.

Дамева на 26 април беше разрешена од функцијата претседател на Судскиот совет.

Членови на советот се посомневаа дека го сокрила писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер во кое го критикува судството, но јавно не го кажаа тоа и како причина и без соодветно образложение на тензична седница со која претседавањето го презема заменик-претседателот Селим Адеми, надвор од пропишаните постапки беше изгласано разрешување на Дамева.

По разрешувањето, во мај поднела тужба до Управниот суд за начинот на кој беше разрешена од функцијата, а до Основното јавно обвинителство Скопје доставила и кривична пријава.