Израелските власти одржале тајни разговори со властите на африканската држава Конго и со неколку други, за евентуално прифаќање на мигранти од Газа, дознава „Тајмс оф Израел“.
„Конго ќе биде подготвен да прими мигранти, а ние сме во разговори со други“, висок извор од безбедносниот кабинет.
Министерката за разузнавање Гила Гамлиел вчера во Кнесетот изјавила:
„На крајот на војната владеењето на Хамас ќе пропадне, нема да има колални власти, цивилното население ќе биде целосно зависно од хуманитарна помош. Нема да има работа, а 60 отсто од земјоделското земјиште во Газа ќе стане безбедносна тампон зона“.
Велејќи омразата ќе продолжи во Газа и дека понатамошните напади врз Израел се само прашање на време, додаде:
„Проблемот Газа не е само наш проблем. Светот треба да ја поддржи хуманитарната емиграција, бидејќи тоа е единственото решение што го знам“.
Вчера Вашингтон им префрли на екстремно десничарските министри Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир затоа што се залагаат за преселување на Палестинците надвор од Газа.
„Оваа реторика е запаллива и неодговорна“, рече портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.





