Не мачкајте очи предизборно, порачува пејачката Бојана Скендеровски која ги одбива пропагандните финти на Љубчо Георгиевски.
Зошто цели седум години во владата не стори ништо а сега на 5 месеци пред избори поставува билборди на кои бара да се слуша македонска песна за да се заштити идентиетот, е една од темите кои ги наметнува Бојана, една од најпопуларните македонски пејачки во моментов.
,,Ако некој што е со власта веќе 7 години сака да ја заштити македонската музика,македонските изведувачи, а со тоа и идентитетот тоа не се прави со билборди…
Македонската музика се штити со национална стратегија,тоа значи медиумска застапеност,почитување на авторски и изведувачки права, вистински критериуми кој може да биде музички уредник, директор на фестивал и сл. и многу други нешта кои моментално се во колапс”, порачува Бојана според која македонската музика се уништува децениски наназад.
,,Не можете да го освестите народот да слуша македонска музика со билборди!
За тоа треба да се има волја и стратегија,дотогаш ќе си тонеме, и ќе бидеме нечија испостава за собирање пари.
И да, тоа што слушаме туѓа музика, особено од соседството не е мал проблем, и муабетот дека “што има врска, музиката нема граници” е опасна теза.
Затоа да не се прашуваме зошто народот не чувствува припадност, и е во летаргија кога станува збор за националното чувство.
Предизборно мачкање на очи не ни треба, ни треба волја и план за да се заштитиме како идентитет”, смета Бојана во реакцијата за пропагандата на Љубчо Георгиевски.
Партијата на Љубчо Георгиевски со билборди повика да се слуша повеќе македонска музика






