Само уште двајца пациенти го добија лекот во петокот. Во моментот тие се наоѓаат на Клиниката за детски болести и нивната здравствена состојба е стабилна. Во новата година, пациентите со цистична фиброза добиваат подобар квалитет на живот, стои во објавата на Министерството за здравство. Како што информираат од клиниката за детски болести, неделава се планира да се почне со лекување на уште четворица пациенти. Додека едни го добија лекот и нивното здравје почна да се подобрува, другите останаа да живеат во надеж дека оваа година и тие ќе го добијат. Еден од тие кои се во исчекување е и Игор Пехчевски, кој прв алармираше во медиумите за недостигот на терапија. Тој се надева дека надлежните ќе ги исполнат нивните ветувања за Пехчевски да добие Трикафта до крајот на месец jануари, пренесува Телма
- Се надевам дека во текот на денот или најдоцна утре ќе добијам повик од докторите на Детска клиника како што беше најавено”- вели во изјава за телевизијата Пехчевски.
Во текот на утрешниот ден уште двајца пациенти ќе го добијат лекот Трикафта, а со тоа бројот на лицата кои го примаат овој лек ќе се искачи на 16. За следниот период надлежните најавуваат дека повеќе пациенти.

Извор : https://telma.com.mk/2024/01/02/za-edni-pristigna-lekot-trikafta-za-drugi-ostana-nadezhta-borba-na-pacientite-so-cistichna-fibroza-i-ovaa-godina/





