Дел од македонските пензионери се во паника откако навреме не ги добиле пензиите за декември иако секогаш претходно парите ги добивале пред нова година или други празници.
Според реакциите некои банки веќе доцнат со давање на пензиите а сепак си ја наплатиле провизијата од своите муштерии.
,,******* банка, жива банка е??? Гледам си ги прибрала сите “земачки” од клиентите. И за исплата на пензиите, а пензии јок!!! Не ќе да е шега!”, пишува новинарката Емилија Б. во својата реакција.
Други пензионери кои ја примаат пензијата од истата банка велат дека според банката парите за декември ќе ги примат на 3 Јануари затоа што така било наложено од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
,,Пензии дури на трети, така кажале од ПИОМ, штотуку разговарав со НЛБ, открива пензионерката Е.П.С.
Досега секогаш пензиите во сите банки беа давани пред први а сега немаше најава дека ќе има доцнење што предизвика паника кај дел од пензионерите дека во фондот нема пари за пензии.
Додава ПИОМ не ги ги расчистил причините за паника кај пензионерите.






