Апологетката на СДСМ која лани поддржа затвор за стотина луѓе бара помирување пред избори затоа што во спротивно сите ќе сме умреле.
Во текст со наслов ,,МЕЃУ-МАКЕДОНСКИ “ПОМИРАТ” еден од главните апологети на Заев и Ковачевски, Ана Чупевска Станишева бара да има помирување меѓу Македонците заради високото ниво на поларизација.
Таа како исто важна причина за помирување го смета опасноста по нацијата и опасноста за техничката влада која ја води Талат Џафери.
,,При чиста свест и совест тврдам дека “меѓу – македонско” помирување е политичка нужност во моменетов – со оглед на фактот дека поларизацијата е сеуште свежо месо за гладните сибирски мечки.
Знам, ова звучи очајно за прогресивната јавност.
Но, тука немам намера да фаворизирам засакување на “Злонамерната Другост”, Туку, само да укажам од неопходноста за поставување на еден цврст политички обрач кој е врзан за голиот опстанок на “нацијата”; па дури и за опстанокот на техничката влада. Можеби, дури и за опстанокот на идната политичка влада; па, ако сакате и на онаа влада која треба да ги откочи преговорите со ЕУ. (или не?) И конечно, дури и на далечната Влада, која треба да преговара и да ги брани интересите на Земјава.
На последнава, особено важно , и претстојат радикални реформски зафати кои без консесус не се можни.
Во спротивно :
“Сите ќе умреме”, пишува Чупевска која е една од водечките идеолози на СДСМ и ДУИ која не само досега не се бунеше за поларизацијата која ја направија овие две партии туку активно учествуваше во неа со своите радикални и еднострани изјави.
Оваа апологетка на СДСМ која четири години зема сериозни пари за учество во комисија за која нема никаква информација што работи јавно поддржа затвор за стотина македонски новинари кои ја критикуваат владата на СДСМ и ДУИ.
Во стилот на СДСМ апологетката вели дека откако не успеало простачко помирување на ред бил друг вид на помирување.
,,Значи, нагласок ставам на помирувањето како политичка нужност, а не како субстантивно простување. Оти, простувачкото помирување, го пробавме и тоа е неуспешно, прво, заради драматично различниот систем на вредности и политички визии и второ, заради проблемите поврзани со правдата која сеуште ја нема во услови на екстериторијално и самоуправно правосудство.
Сепак, фактот останува дека делиме заеднички простор и институции и тие се сеуште едниница мерка за опстанокот на нацијата во контекст на демократијата.
Спротивната варијата на ова е dead end на демократијата, а со тоа и на нацијата” пишува за Либертас апологетката на СДСМ која претходно бараше затвор за слободоумни луѓе.
Член на работната група за уставот поддржува затвор за стотина македонски новинари






