Меѓувладината организација составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка (БРИКС) од 1 јануари 2024 година има двојно повеќе членки, откако и официјално ѝ пристапија Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Иран и Етиопија. Ним требаше да им се придружи и Аргентина, но по претседателските избори во ноември новиот шеф на државата Хавиер Милеи најави откажување од апликацијата за членство, што со писмо од Владата во Буенос Аирес до членките беше потврдено на 30 декември.
Новите членки добија формална покана на последниот самит на БРИКС во август во Јоханесбург, а уште 15 земји имаат аплицирано за членство, и тоа Алжир, Бахреин, Бангладеш, Белорусија, Боливија, Куба, Хондурас, Казахстан, Кувајт, Пакистан, Палестина, Сенегал, Тајланд, Венецуела и Виетнам.
Дополнителни 19 држави изразија интерес за зачленување во организацијата, и тоа Турција, Србија, Ангола, Авганистан, Комори, ДР Конго, Габон, Гвинеја-Бисао, Либија, Мјанмар, Никарагва, Судан, Јужен Судан, Сирија, Тунис, Сомалија, Уганда, уругвај и Зимбабве.
Целта на најновата експанзија е дел од планот за изградба на мултиполарен светски поредок, кој би им дал тежина на досега занемарените гласови на глобалниот југ и би однел во центарот на светската агенда.
Пред проширувањето на самиот старт од годинава земјите на БРИКС опфаќаа околу 27 проценти од светската копнена површина и 42 отсто од глобалното население. Бразил, Русија, Индија и Кина се меѓу десетте земји најголеми земји во светот по население, површина и бруто домашен производ (БДП).






