Фото: Сред село Д. Лакочереј
Брзата помош немала можност да го спаси животот на 35 годишен граѓанин на селото Долно Лакоречеј кој денеска починал во инцидент во својот дом.
За трагедијата е известен јавен обвинител, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
,,На 01.01.2024 година во 18.35 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, медицинска екипа со возило на Итната медицинска помош, од охридското село Долно Лакочереј транспортира лице кое, и покрај обидите за реанимација, не давало знаци на живот.
Од преземените мерки констатирано е дека се работи за Н.С.(35) од истото село, кое, според членови на неговото семејство, се здобило со повреди при пад во семејниот дом. За настанот, известен е јавен обвинител а по нивно барање, телото е предадено на семејството”, пишува во соопштението испратено од портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Вечерва уште една лоша вест од Охридско
Осум лица повредени во тешка сообраќајка во Охрид со возила од 3 држави






