Во новогодишното ТВ обраќање до нацијата, данската кралица Маргрете Втора ја објави својата ненадејна абдикација.



Таа формално ќе се повлече на 14 јануари, што ќе наполнат 52 години од денот кога стана кралица.

„Ќе му го оставам тронот на мојот син, престолонаследникот Фредерик“, објави таа.

83-годишната Маргарете II е единствената кралица во моментов во светот и е актуелен монарх со најдолг стаж во Европа, која го презеде тронот по смртта на нејзиниот татко, кралот Фредерик IX во 1972 година, јави Би-Би-Си.

За разлика од британската кралска традиција, нема да има формална церемонија на крунисување на престолонаследникот Фредерик, кој има 55 години. Наместо тоа, неговото пристапување ќе биде објавено од замокот Амалиенборг во Копенхаген тој ден.

Тој ќе го заземе местото како крал на Данска и шеф на државата во земјата – која е уставна монархија – како и на Гренланд и на Фарските Острови.