Од МВР нема информација на дилемата што вчера ја постави инфлуенсерот Божидар Божиновски Моџо по апсењето на внукот на Али Ахмети, Дрин.
Уплашен дека моќниот чичко на Дрин може да ја ,,заврти работата” и наместо неговиот внук да одговара полицаецот што го уапсил, Моџо малку на шега малку на вистина ја предвиде иднината.
,,Се очекува во утрешниот ден да биде поднесен соодветен поднесок за полицаецот кој го вознемирувал Дрин Ахмети”, напиша Моџо на Фејсбук.
Дека за ова сценарио имало обид сведочат повеќе извори во МВР а сега се чека обвинителството во Скопје под контрола на Гаврил Бубевски да реши дали Дрин ќе лежи затвор или ќе помине со парична казна.






