-На 30.01.2018 во 19.20 часот на улица „Антон Попов“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски таблички управувано од Д.С.(54) удрило во пешакот Е.Ц.(27). Е.Ц е пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде и се констатирани телесни повреди, по што е пуштена дома, велат од полицијата за инцидентот во кој директорот на МНТ Драган Спасов Дац вчера предизвикал сообраќајка во која едно лице е повредено.
А ноќеска околу 3 часот изутрина се огласи и актерот кој на социјалните мрежи праша “До каде ќе оди злобата?”, веројатно алудирајќи на неточност на информацијата дека возел под дејство на алкохол.





