Новата 2024 година пристигна во Кирибати

Во 11 часот по средноевропско време Новата година пристигна во островската држава Кирибати во централниот дел на Тихиот Океан.



33-те атоли на Кирибати покриваат повеќе од 1.350.000 квадратни километри во областа околу екваторот.

Еден час подоцна жителите на Окленд во Нов Зеланд ќе ја пречекаат 2024-та сотрадиционалниот огномет кај Скај Тауер во градот

Огромна толпа луѓе се собира во Сиднеј во Австралија за еден од најспектакуларните новогодишни огномети во светот
Непосредно пред полноќ осум тони пиротехника ќе бидат лансирани од две од најпрепознатливите знаменитости во Австралија – Мостот Харбор и Операта.

Последни на Планетата Новата година ќе ја опречекаат жителите на Островот Бејкер – кој пак е само 650 милји оддалечен од Кирибати, но поради временски зони е 26 часа поназад.