„Магариња станавте? ДАА!! Ќутите? ДАА!! Пајакот се спрема да мавне? ДАА!“ – реагира на Фејсбук Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии по синоќешпното приведување на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, кому полицијата во џип со албански регистарски таблички му пронашла поголемо количество забранети пиротехнички материјали.
„Пред 6 месеци – потсетува Трајкоска – Ислам Абази, типчето задолжено за ОЈО за организиран криминал и личен пријател на Али Ахмети, ни соопшти дека ќе испитува како малиот и паметен Дрин купил 39 % од Соравија со НУЛА ДЕНАРИ, само со добра ИДЕЈА и дека кликнале со харизма и хемија (то ко со дечко ко ќе кликнеш). Еми до сега, не слушнавме што направил Ислам и неговото ЈО, така и ќе остане…
Во меѓувреме, паметниот Дрин заработувал од петадри (многу е тажно и очајно бе- од петарди), ама што и да е, дај шта даш…“ пишува Трајкоска.
Во продолжение на објавата на Фејсбук Трајкоска потсетува на неколку „кариерни достигнувања на паметниот Дрин“ и неговата позната фамилија АХМЕТИ и фактот дека државата е крава молзница -за некои паметни и иновативни дечки – не, не сте вие!
(…)
„Дрин Ахмети влезе во Соравија со претприемачки дух, добра хемија и кредит и НУЛА денари.“
„Колку тежи договорот за купопродажба на Соравија засега е енигма, бидејќи досегашниот сопственик кој останува со 10 отсто удел во трговскиот, на прес конференција кажа дека е доверлива информација. Ахмети тогаш изјави дека трговскиот има долг од 20 милиони евра, а со албанскиот бизнис партнер земале кредит од 6 милиони евра за да го вратат долгот на Соравија..
Тврдеше дека имал репутација и заради тоа банката не му побарала хипотека, туку му ги дала парите за акциите.“
„Дрин Ахмети кој има 24 години негираше дека неговиот чичко Али Ахмети имал влијание во неговиот бизнис.“
„Дрин Ахмети се офајдил и од ЕЛЕМ. Преку два тендери од македонските Електрани добил 5.310.000 денари. За набавка на доломитски или калциски сепариран варовник, прво на 17-ти февруари 2022-ра фирмата Еверест ЏД, во сопственост на внукот на Али Ахмети добила речиси 30.000 евра, а пред помалку од еден месец, на 13 јуни годинава добила уште речиси 60.000.
Иако Дрин добива бизниси од државните институции во државата каде веќе 20 години на власт е партијата на неговиот чичко, сепак вели вечниот лидер на ДУИ немал ништо со неговите бизниси.
-Али Ахмети ми е чичко и Бог да го благослови. Тој ми е мотивација. Ахмети и помогна на оваа држава. Немаше да ја имаме Македонија денес ако го следевме Љубчо Георгиевски кој ќе ја поделеше државата, кажа Ахмети.
Покрај од ЕЛЕМ, на сметката на Дрин Ахмети пари легнале и од Фондот за иновации, каде директор е Фестим Алили, кадар на ДУИ, партијата со која раководи неговиот чичко.
За иновациите пари на фирмите на младиот бизнисмен легнале годинава меѓу февруари и мај, а вкупната сума е нешто помалку од 80.000 евра. На сметката на Еверст ЏД легнале 45.000 евра, додека ТХОР Индустрис добила нешто повеќе од 30.000 евра.“
„И викате ќе добие само мавтање со прстето – немој веќе да носиш петарди и друг пиротехнички материјал во кола со албански таблици низ Скопје? Дааа!!
НИЕ сите- магарињаааа
Среќна Нова и само така- со европскиот дух на ДУИ, СДСМ и коалицијатам надополнете созелената стратегија на ДУИ (се сеќавате како се провадаваа на избори??) И секако, дишете отров и јадете сарми“ порачува Трајкоска.