Дрин Ахмети е уапсен од Спасовски додека ДУИ одбива заедничка пратеничка листа и заеднички кандидат за претседател со СДСМ, тврди пратеникот Зекирија Ибраими.
Според него апсењето на внукот на Агенти е порака од Бихаќка до Мала Речица.
,,Апсењето на внукот на Али Ахмети, се чини, има повеќе врска со темата на коалицијата отколку со криминалот и корупцијата.
Во моментот кога некој од структурите на ДУИ се двоумеше дали да оди на заеднички листи со СДСМ и дали да го поддржи кандидатот за претседател на СДСМ, веднаш стигна одговорот на Оливер Спасовски, кој го уапси и самиот внук на Али Ахмет.
Можеби со овие средства се одржува поврзан со таканаречениот Европски фронт и Алијанса за Албанците?! Дали им треба помош?! Да ги ослободиме од заложништвото на двоецот Спасовски-Зечевиќ”, пишува Ибраими кој е пратеник на Алтернатива.







