Дали Нимиц во Скопје го носи предлогот „ГорнаМакедонија“!?

Медијаторот во грчко-македонскиот „спор“ околу името од денес ќе престојува во дводневна посета на Македонија.



Тој доаѓа од Атина каде имаше средба со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, по која изјави дека постоел „моментум“ и дека сега е време за носење одлуки.

Како што пишуваат грчки медиуми, на средбата со Коѕиас, медијаторот на ОН ги дознал алтернативните предлози на грчката страна за пакет решение за спорот околу името со северниот сосед. Предлозите, како што најави Коѕиас, се очекува да бидат финализирани и доставени на македонската страна во февруари.

Нимиц, според „Ефимирида“ изјавил дека е свесен за ставовите на грчката страна, истакнувајќи дека грчката влада била многу искрена и енергична за решавање на проблемот.

„Веќе долга низа години постојат неколку тешки проблеми, но тука постои волја, а јас верувам – и во Скопје“.

Како што е открива „Iefimerida.gr“ Република ГорнаМакедонија  бил предлогот за име на соседната земја кое се наѕира како решение.

Таквото име, како што дознава „Ефимирида“ нема да има превод и ќе се изговара на „словенски“, ГорнаМакедонија“.

Првично, македонската страна, наводно предложила име Република Нова Македонија, додека грчката страна предложила соседната држава да се вика Република Вардарска Македонија (Republic of Macedonia of Vardar), пишува денес англиското издание на „Ефимирида“.